TOp
Дома Хостинг Домени Веб дизајн Услови Контакт За Нас
 
     
 

Со користење на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се согласувате на следните услови за користење


Основни услови за користење:
  • Забранет е секаков вид на СПАМ-ирање.

  • Услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ не смеат да се користат при продавање, препродавање, купување или понудување и изнудување на било какви нелегални активности, вклучувајќи пиратерија, психотропни супстанци, оружје и др.

  • Порнографски содржини се дозволени доколку ги исполнуваат условите за порнографија и притоа не ги нарушуваат постоечките закони на РМ.

  • Објавување на било кој вид на пораки што претставуваат поттик на омраза и дискриминација на верска или пак расна основа истакнати на веб страните или пак во домените е строго забрането.

  • Секаква дистрибуција на материјали кои ги прекршуваат авторски права или права на регистрирани знаци е најстрого забранет и корисникот ќе биде отстранет веднаш штом биде забележан од одговорните лица на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ .

  • Доколку се открие дека некој од корисниците ги злоупотребува услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на временски неодредено надгледување и контролирање од страна на овластени лица на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ или пак надлежни лица од Владини институции.

  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ го задржува правото, но не е должен, на проверка на содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ има право да ги отстрани сите содржини и материјали или пак да одбие вршење на било какви услуги кон клиентот.

  • Клиентите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за сите штети настанати поради непочитувањето на овие услови за користење.

Дополнителни услови за користење:
  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новите услови.

  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ има право без претходна најава да ги суспендира, ограничи, исклучи/стопира или отстрани услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ или пак постоечките закони на РМ. НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ исто така на барање од надлежни Владини служби ќе ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без никакви временски ограничувања, нема да го сметате НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за одговорен.

  • Во процесот при почетна регистрација и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, корисникот е должен да достави валидни и точни информации. Доколку постои промена на информациите кои се потребни за регистрација, корисникот е должен навремено да го извести НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ. Во спротивно услугите нема да ви бидат достапни или пак постоечките услуги ќе бидат суспендирани на неограничен временски рок определен од НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ.

  • По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како клиент на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име. Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како строго доверливи и да не ги споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги известите одговорните служби на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ (support@next-em.com.mk) доколку забележите било какви сомнителни активности, oсобено оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и лозинка.

  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да се лица со возраст од или над осумнаесет (18) години. Клиентите задолжително се обврзуваат пред објавување на ваквите материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите и писмено да го извести НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за своите намери. НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најкраток можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без негово претходно известување.

  • Како клиент на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, Вие се согласувате дека нема да доставувате или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршни фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ нема да вршите никаков вид на илегална трговија на средства.

  • Како клиент, Вие сте обврзани при поставување на било какви податоци преку услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, во предвид да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и притоа истите да ги почитувате.

  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците кои ќе ги искористат услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за да дозволат пристап до нелегални содржини.

  • При користењето на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ или друго лице или организација. Корисниците се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, останатите корисници и сите инволвирани страни.

  • Доколку услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ се користат за собирање на информации преку веб страни, корисникот на истите, е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на корисниците на веб страната ќе им биде дадена до знаење.

  • Се согласувате дека нема да ги користите услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови и било каков друг вид на опасен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, клиентите или пак трети лица и организации.

  • Се согласувате дека во никој случај нема да се обидете недозволено да пристапите до доверливи делови и информации на останати корисници на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ.

  • Се согласувате дека услугите овозможени од НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ нема да ги искористите за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал.

  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ го задржува правото без претходно известување, да забрани пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење.

  • При користењето на нашите услуги, Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите истите за лажни, измамнички и криминални дејствија.

  • НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти, обезбедува техничка поддршка 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ и притоа не е должен истата да ја доставува 24 часа. Пристапот кон оваа служба за техничка поддршка е привилегија, а не право.

  • Со користење на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ нема да го сметате за одговорен и нема да преземете никакви мерки поради евентуално настанатите штети од непочитувањето на овие услови за користење.

  • По истекот на временскиот период за користење на услугите на НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ, доколку сакате да го продолжите користењето, плаќањето треба да се изврши до или на денот кога рокот за користењето на услугите истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на услугите, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци.

 
© 2007-2016 NEXT-EM DOOEL
Сите права се заштитени
Designed & Hosted by NEXT-EM